еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожарот на Галичица деновиве ќе ја намалува својата кулминација, велат од Националниот парк

Пожарот на Галичица деновиве ќе ја намалува својата кулминација, луѓето да бидат спокојни и да не шират паника, порача Ѓуро Јовчевски, одговорен за противпожарна заштита на НП „Галичица“.

Тој информираше дека пожарот од северната и источната страна на Националниот парк се очекува пополека да биде ликвидиран во текот на денот, додека за гасење на огнените јазици кои го имаат зафатено западниот дел на Галичица се очекува интервенција од три авиони и хеликоптер.

„Осигурена е источната страна на Галичица вдолж Преспанското Езеро, каде што е зафатена чамова и букова шума. Деноноќно се гаси и пожарот на северниот дел од Националниот парк. Најкритична точка е пожарот на крајниот Северозапад кај локалитетите Зли дол, Пропаст, Страчка кон Војтино, каде што поради непристапен терен, но и источниот ветер кој го реактивирал огнот, најитно е потребно гасење со помош на воздухоплови,“ изјави Јовчевски.

Тој додаде дека движењето на на моторните возила преку Галичица е безбедено.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови вработувања во ФЗОМ, плата до 31.341 денари

Редакција

„Францускиот предлог„ директно на пленарна, која дополнително ќе биде закажана

Редакција

Наташа Димовска е мајка на две деца, боледува од рак и потребни се средства за лекување

Редакција