Познатата паланчикара „Сакаш“ од денес е присутна и во Аеродром. Отворањето кое се случи вчера, неодамна го најавивме во разговорот со сопственикот Гордан Миленковски.
Оваа паланчикара приказната ја започна во Илинден, но денес најголемиот дел од купувачите доаѓаат од насекаде.
„Сакаш?“ постои четири години, но последната година прави бум, бидејќи Миленковски навлегува во маркетингот на социјалните мрежи и успева да ја прочуе.
„Заедно со Аеродром би биле вработени околу 30 луѓе. Ова се се случи за неполни две години. Производот секако е најважен, но на почеток беше проблем што немаше кој да го проба.
Функциониравме на база на продажба во Илинден, а сега 99% од луѓето кои доаѓаат се надвор од Илинден,“ изјави Миленковски за еМагазин.
„Сакаш?“. А кој не сака палачинки со различни вкусови и додатоци, од кои, од една би се заситиле двајца, и притоа по многу пристојни цени.
Во најава е и караван низ цела Македонија.
View this post on Instagram
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како паланчикара „Сакаш?“ го прослави Илинден
Фото: еМагазин.мк