Од Уставниот суд денеска информираа дека се одложува подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19. јуни годинава, поради случајот со уставната судијка Елизабета Дуковска, за чиј избор Управниот суд пресуди дека бил незаконски и е поништена одлуката во македонското Собрание за нејзин избор во 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уставен остана со судија помалку, изборот на Елизабета Дуковска бил незаконски
Таа е судија известител за овој предметот, а претходно од Уставниот суд одлучија одлука по предметот за Законот за јазичите да биде донесена во полн состав на Судот.
Во соопштението за кое од Уставен информираа за одложувањето се вели и дека постапувањето на сите инволвирани органи како Судскиот совет, Собранието и Управниот суд во случајот со Дуковска, предизвикале правен преседан и правна состојба со која не се соочил ниту еден досегашен состав на Судот.
Фото: Уставен суд