еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеникот Салим Сулејмани поднесе оставка, се повлече и од сите функции во AA на Таравари

Пратеникот од крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците (АА), Салим Сулејмани, на Фејсбук информираше дека поднесува оставка од функцијата пратеник во македонското Собрание и од сите партиски функции во крилото.

Меѓудругото напиша дека станал дел од коалицијата „Вреди“, која претходно ја напушти АА на Таравари, бидејќи верувал дека како политичка алтернатива е создадена како резултат на длабокото разочарување што Албанците го доживеале од ДУИ.

-За жал, она што го видовме неодамна е целосно отстапување на Алијансата за Албанците од овој политички дух и отворено отстапување од целите поради кои се приклучивме на коалицијата “Вреди“, пишува тој.

За него зближувањето на АА на Таравари со ДУИ во пресрет на локалните избори донело сериозно отстапување од принципите на кои партијата била посветена.

-Поради оваа причина, следејќи ги моите принципи и имајќи ја предвид мојата одговорност кон оние што ме поддржаа, решив да поднесам оставка од сите партиски функции и од мојата позиција како пратеник, пишува тој.

И други сопартијци на Таравари не се согласуваат со неговата одлука за напуштање на коалицијата и Владата, а меѓу нив е и поранешниот министерот Азир Алиу, кој на социјалните мрежи објави дека останува во коалицијата „Вреди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил министерот Арбен Таравари, кој поднесе оставка

„Вреди“ има нов коридинатор, еве кои пратеници останаа во пратеничката група

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минималната плата ќе почне да се исплаќа од април

Редакција

Приведени двете лица кои крвнички тепаат девојка во Штип пред камера

Редакција

Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат да продолжи почитувањето на мерките за заштита од Ковид-19

Редакција