Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави Листа на должници за декември за долгови доспеани до 31.08.2023 и неплатени до 30.11.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ 10 најголеми должници на Листата на УЈП во декември: И фирма поврзана со Мијалков помеѓу нив
На Листата се објавени се 1.832 должници – правни лица (повеќе за 17 од претходната листа) и 3.643 физички лица (помалку за 30 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата изнесува 9.057.552.829 денари, (помалку за 9.536.125 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.850.083.544 денари, (помалку за 50.205.117 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 207.469.285 денари (повеќе за 40.668.992 денари од претходната листа).
Целата листа ОВДЕ.