Од опозициската СДСМ денеска поради инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на Меѓународниот аеродром Скопје во кој е инволовирано и обезбедувањето на претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, побараа итна смена на Гаши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од партијата го повикаа Јавното обвинителство да покрене постапка и го повикаа премиерот Христијан Мицкоски да излезе во јавност и да побара политичка одговорност од Гаши.
„Бараме итно Мицкоски да го смени Гаши од претседател на Собранието за што СДСМ ќе му даде поддршка. Го повикуваме Обвинителството да започне постапка, а Мицкоски да излезе во јавноста и да побара од Гаши политичка одговорност“, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица поднесе интерпелација за работата на Гаши