еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Седум лица, од кои две деца завршија во болница поради труење со хлор во базен во хотел во Охрид

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека вчера седум лица, од кои две се малолетни деца завршиле во болница поради труење со хлор во базен во хотел во Охрид.

– На 08.12.2023 во 19.55 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел на брегот на Охридското Езеро, неколку лица што го користеле затворениот хотелски базен манифестирале знаци на труење со хлор.

Притоа, во Општата болница во Охрид биле пренесени М.Р. (24), А.Б. (19), двајцата од Охрид, Ј.А. (45) и А.П. (37) од Скопје, додека во Општата болница во Струга биле пренесени Ѓ.А. (42) и две малолетни лица, сите од Скопје.

За случајот се известени јавен обвинител, претставници на санитарна и здравствена инспекција, Центар за јавно здравје и трудова инспекција, а увид извршија полициски службеници од СВР Охрид, велат од полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 17 лица кои боледуваа од корона вирусот

Редакција

(Видео+фото) Мечка нападнала дански турист на Шар Планина откако им се доближил на нејзините мали мечиња

Редакција

Притвор од 30 дена за Катица Јанева

Редакција