Поранешните директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска Димовска и Горан Трајковски, кои се осомничен за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица, излегуваат од куќен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на Основното јавно обвинителство, тие од Основниот суд Кочани добија мерки на претпазливост.
Двајцата претходно беа и во затворски притвор.
Мерки на претпазливост добил уште еден осомничен, кој до сега бил на болничко лекување, за кој медиумите објавија дека е поврзан со семејството на газдата на „Пулс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зад кои други фирми стоел Дејан Јованов Деко, газдата на дискотеката во Кочани
Поранешниот градоначалник на Кочани Папазов пуштен во куќен притвор
Крешник Бектеши останува во притвор уште 30 дена
Фото: Игор Бансколиев