Од Министерството за здравство информираа дека сите повредени во пожарот во Кочани во македонските болници се во добра и стабилна состојба.
Се планира девет пациенти да бидат испишани на почеток на неделата, откако ќе им бидат направени сите токсиколошки и психолошки испитувања.
Надвор од државата се 115 пациенти, а во критична состојба продолжуваат да бидат пет пациенти, но состојбата на пациентите флуктуира, посочуваат од таму.
Следната недела се најавува враќање на повеќе пациенти во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На шест повредени во пожарот во Кочани им е трансплантирана кожа
На 203 се искачи бројот на повредени во пожарот во Кочани
Шестмина повредени во пожарот во Кочани се во многу критична состојба
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.