Во врска со изборот на македонската полтичарка Радмила Шекеринска за втор човек на НАТО, се огласи и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова, која беше критикувана зошто јавно не и честитала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски вчера и честитал на Шекеринска
Од нејзиниот Кабинет информираа дека таа утре лично ќе и го честита изборот.
Од таму информираа дека е остварен телефонски разговор со нејзе, а по барање на Шекринска средбата е закажана за утре во 10 часот.
-Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата, вели претседателката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Шекеринска, која е избрана за заменик генерален секретар на НАТО
Koja e Шекеринска, која стана заменик генерален секретар на НАТО
Бугарските медиуми во неверување дека Шекеринска стана втор човек на НАТО, а не Бугарката Габриел
Фото: Кабинет на претседателката