еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Скопје се поврзува со Амстердам по 12 години пауза: Сите детали за летот на „Трансавиа“

ТАВ Македонија, подружницата на ТАВ Аеродроми, информира дека по 12 години пауза Скопје ќе се поврзе со авиолинија со Амстердам, благодарение на Трансавиа, втората по големина авиокомпанија во Холандија, дел од групацијата КЛМ.

Трансавиа, која е нискобуџетна авиокомпанија и која нуди патувања низ Европа по пристапни цени, ќе почне да лета од Амстердам до Скопје на 2 март 2025 година.

Холандската авиокомпанија ќе лета на релација Амстердам-Скопје-Амстердам двапати неделно, во четврток и во недела.

Детали за времето на пристигнување и полетување, како и информации за достапноста и резервацијата на авиобилетите може да се најдат на веб-страницата на Трансавиа: transavia.com.

„Оваа прекрасна нова авиолинија меѓу Скопје и Амстердам ќе биде одлично воздушно поврзување со главниот град на Холандија, перфектно за продолжен викенд или за одмор во градот каде што македонските граѓани ќе можат да го доживеат енергичниот град познат по својата уметност, култура, историја, архитектура и живописни пејзажи,“ изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Оваа нова авиолинија од Меѓународниот Аеродром Скопје, која се воведува по речиси повеќе од 12 години, со која се поврзува Скопје со Амстердам, ќе им понуди на патниците поголеми можности за конекции и удобност, овозможувајќи повеќе опции за патување, поддршка на туризмот и обезбедување беспрекорно патничко искуство и за деловни патувања и за туристички или рекреативни патувања.

Со ова ново дополнување кое е резултат на напорите на ТАВ Македонија за развој на мрежата на авиолинии и на скопскиот и на охридскиот аеродром, аеродромскиот оператор продолжува со својата посветеност да го прошири своето портфолио преку збогатување на мрежата на авиолинии, истовремено обезбедувајќи им на патниците подиректни опции, како и обезбедувајќи беспрекорно и ефикасно патничко искуство, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Трансавиа“ ќе лета од Скопје до Амстердам од март

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осум починале: 953 лица по вторпат заболеле од Ковид-19, едно по третпат

Редакција

Ракетните напади врз Украина се одговор на „терористичките напади“ на руска територија, вели Путин

Редакција

(Галерија) Струмица поплавена од река од маски: Милион бои претворени во една карневалска

Редакција