еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Студентите од ФИНКИ протестираа, бидејќи нема каде да учат

Под мотото „ФИНКИ нема зграда – учиме пред Влада“, студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска протестираа пред Владата, бидејќи немаат своја универзитетска зграда.

Над 5.000 студенти на ФИНКИ одржуваат настава во осум различни објекти.

„Наставата се одржува во осум различни објекти, се одржува од 8 часот наутро до 9 часот навечер. Максимално вложуваме во постојните објекти коишто се наоѓаат во техничкиот кампус за нивна адаптација, бидејќи истите, сепак, припаѓаат на други факултети и имаат потреба од адаптација“, изјави деканот на ФИНКИ, Боро Јакимовски.

Според него додека не се изнајде трајно решение за проблемот, она што може да се направи е на Факултетот за користење да му се отстапат просториите на Бирото за развој на образованието.

Министерот за образование Јетон Шаќири пак изјави дека добил негативно мислење бараките во кои се сместени од Бирото да бидат отстапени за ФИНКИ.

Од Владата во врска со протестот информираа дека во тек се активности за изнаоѓање времено решение во врска со обезбедување соодветен простор за спроведување на наставата за студентите на овој Факултет.

Нов објект за студентите почна да се гради во 2015 година, но неговата изградба беше стопирана поради стечај на фирмата изведувач на градежните работи.

Од Владата велат дека ќе бараат нов изведувач, а се чека и проценка за извршените работи.

Пари во државниот Буџет за продолжување на изградбата не се предвидени.

Фото: Ради МОФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

еМагазин Ви ја честита новата 2024 година

Редакција

(Видео) Редици пред продавниците за оружје во САД, се стравува од немири

Редакција

Доктор Јовиќ, хирург уролог: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

Редакција