еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари на изборите сака Алијанса за Албанците да се приклучи на албанската опозиција

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на претстојните парламентарни избори сака неговата партија да се приклучи на БЕСА, Алтернатива и Демократско движење, кои делуваат заедно како Европски сојуз за промени.

„Верувајќи непоколебливо во моите колеги партиски членови и во нашата заедничка визија, барам доверба дека Алијансата за Албанците ќе влезе во изборна трка со албанската опозиција, а заедно ќе го направиме најдоброто за оваа држава,“ напиша Таравари на неговиот Фејсбук-профил.

Тој го повика партиското Собрание да го поддржи на ова, како што вели „патување заедно“ и да го поздрават овој процес кој го нарекува „голема и долго чекана промена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами, Гаши, Меџити и Таравари за македонските избори кај косовскиот премиер Курти

Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Премиера на претставата „Замисли нов свет“ во МНТ, инспирирана од творештвото на Горан Стефановски

Редакција

Неколку групации, меѓу нив и Бранко Црвенковски, сакаат да го преземат СДСМ, вели Бучковски

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција