еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Трифт“ шопинг ќе го тресе Скопје денеска

Денеска со почеток во 12 часот во МАККА Бар по втор пат ќе се одржи Поп-ап настан за „трифт“ шопинг каде може да се најдат одлично сочувани парчиња гардероба, книги, играчки и накит организиран од страна на скопската „Second Hand Faves“ платформа која се грижи за еколошката свест, реупотреба на гардеробата, материјалите и нивната одржливост.

Во последните години, модата на облека од втора рака (second hand) доживува значителен пораст на глобално ниво. Она што ја движи оваа препродажна револуција е парадигматската промена во однесувањето на потрошувачите. Кога ќе се додаде на сето ова и кризата со трошоците за живот, се создава совршена комбинација за подемот на пазарот за облека од втора рака.

„Неколку фактори влијаат на овој хиперраст, вклучувајќи ја зголемената желба за уникатна и достапна мода, зголемената еколошка свест на потрошувачите за тоа дека текстилот е вториот најголем загадувач во светот, но и погодноста на онлајн платформите и социјалните медиуми кои всушност и ја направија оваа револуција“, изјави Ирина Михајлова од Secon Hand Faves

Овој тренд е мотивиран од зголемената еколошка свест за влијанието на модната индустрија на Gen Z генерацијата. Социјалните мрежи, исто така играат голема улога во промовирањето на одржлива мода, преку споделување на видеа за „трфт“ шопинг. Покрај еколошките аспекти, достапноста на облеката од втора рака е клучна за младите кои се соочуваат со финансиски ограничувања.

Втората рака (second hand) одамна престана да значи „второкласно“. Напротив. Да се пофалиш со тоа дека твојата нова комбинација е од втора рака стана вистинскиот показател на стил.

Влезот е бесплатен за сите посетители, кои треба да понесат платнена торба и ситни банкноти.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арсовска поднесе иницијатива до Советот на Град Скопје за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“

Редакција

Нова ски-патека во Маврово, награда за „кумот“ кој ќе предложи име на патеката

Редакција

Кои компании донираа пари за изборната кампања на СДСМ и Коалицијата „Можеме“?

Редакција