ТТК Банка во првиот квартал од годинава остварила нето-оперативен приход пред исправка на вредност во износ од 35 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 134 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 99 милиони денари, информираат од таму преку Македонската берза.
-Заклучно со 31.3.2024 година, остварената добивка пред исправка на вредност на финансиски и нефинансиски средства, т.е. оперативната способност за покривање на расходите на Банката бележи раст од 6,9 %, како резултат на раст на оперативните приходи од 6,3 % при контролиран раст на оперативните трошоци од 6,1 %.
Во анализираниот период издвоена е исправка на вредност на финансиски и нефинансиски средства во износ од 30,7 милиони денари, што е за 14,3 милиони денари или 87,3 % повисока во однос на истиот период минатата година.
Сето тоа влијае на реализацијата на позитивен финансиски резултат од 4,2 милиони денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкави надоместоци добил менаџментот на ТТК Банка лани
ТТК Банка лани со зголемена добивка за 72,9%