еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) Како помина првото издание на Фестивалот на македонскиот автомобилизам

Првиот Фестивал на македонскиот автомобилизам – RPM Fest, за првпат се одржа во нашата држава во Кавадарци.

Овој уникатен настан собра огромен број на автомобилисти, ентузијасти и љубители на автомобилската култура од цела Македонија.

Фестивалот вклучуваше разни активности, вклучувајќи возење прмотивно дефиле по главните улици на Кавдарци, изложба на автомобили, промоција на сите новитети во автомобилизмот, зачувување на македонската автомобилска историја како и останати забавни активности кои го привлекоа вниманието на посетителите.

На овој фестивал посетителите имаа можност да ги видат сите новитети и понуди кои ги нудат едни од најпопуларните автомобилски брендови во нашата држава – Peugeot, Opel, Renault, Dacia, DFSK, FOTON, Geely, Maserati, Ford, Hyundai, MG, Chery, Baic, но исто така може да се запознаат и со услугите на AUTOWELT, AutoSpa, Milanov Tuning и Autodoc.

Исто така посетителите имаа можност и да видат неколку ексклузиви од самите импортери како Maserati MC20, Lamborghini Huracan, Renault Alpine A110 – автомобили кои се уникати не само во Македонија туку и пошироко. На фестивалот учество земаа и неколку реномирани македонски авто клубови како и успешни спортисти како Христијан Бузалковски и Христиан Илиоски.

„Целта на фестивалот е да ја промовира автомобилската култура во Македонија и да создаде платформа за споделување на знаења и искуства, фестивал на кој беа собрани љубители на автомобилизмот од цела Македонија.

Овој фестивал не е само прослава на автомобилите, туку и на ентузијазмот, иновацијата и страста која ја носиме во себе. Благодариме на сите учесници, спонзори и посетители за поддршката и за тоа што беа дел од овој историски момент,“ изјави организаторот Кирил Димитров Урошев од Youtube каналот – RPMmk

Фестивалот на македонскиот автомобилизам стана нова традиција во нашата земја и планираме да го продолжиме ова патување со уште повеќе иновативни идеи и настани во иднина.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авионите од Скопскиот аеродром полетуваат, за еден час одложено слетувањето на авионот од Истанбул

Редакција

Починаа уште седум лица од Ковид-19, вкупно 2.510

Редакција

На пруга во Хиподром пронајдено безживотно машко тело

Редакција