Државната комисија за спречување корупција го објави анкетниот лист на на Петар Богојески, кој неодамна стана директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петар Богојевски е нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност
Истиот е поприлично долг, а онаа што е впечатливо, е што поседува 11 биткоини, чија вредност кога го доставил анкетниот лист ја проценил на 59.734.070 денари или околу еден милион евра.
Пријавил и 129 етериуми купени во Србија за 125.000 евра.
Од недвижнини пријавил стан во скопски Карпош од 92 метри квадратни, како и земјоделско земјиште во Ракотинци.
Вози фортинг, а на име на сопругата пријавил возило алфа ромео.
Поседува и 61% од фирмата ДТУ „Бегова Корија“ ДОО Скопје, со вкупна проценета вредност од 550.000 евра, а има и влог од 5.000 евра во фирмата ВФП Фонд Менаџмент.
Пријавил и низа од финансиски вложувања во странство, а на свое, на име на сопругата и на децата пријавил и животно осигурување.
На име на децата пријавил и акции во банка во основање во САД.
Има и сметка во Бугарија.
Пријавил и два кредити, на свое и на име на сопругата.
На свое име, на име на сопругата и на на децата пријавил и накит, уметнички слики, дијамантски крст, икони…
Дал и податок за неговата плата која изнесува 87.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петар Богојески немал бугарски пасош: Каракачанов веќе ја преминува црвената линија
Фото: Богојески/Фејсбук