еМагазин
Image default
Бизнис

Јордан Димитровски избран за претседател на Управниот одбор на МАСИТ

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ – Скопје, на 08.05.2025 година, во хотелот Александар Палас, го одржала своето 19. редовно годишно изборно Собрание, на кое било избрано новото раководство на Комората со мандат 2025 – 2028 година, информираат од таму.

За членови на Управен одбор на МАСИТ биле избрани: Јордан Димитровски, Аитоникс, претседател на Управен одбор, Благој Христов, Македонски Телеком, Драган Чепујноски, А1 Македонија, Дамјан Манчевски, МАК-Систем, Софче Јовановска, Скеил фокус, Весна Иваноска, Киншифт Академи, Костандина Пареска Медарски, Валтек, Филип Петровски, Дата мастерс и Зоран Лазаревски, Ултра.

За членови на Надзорен одбор на МАСИТ, се избрани: Горан Митев, Едусофт, Миле Стоиловски, Брансис и Маријана Андриќ, Маранд.

За членови на Судот на честа на МАСИТ се избрани: Дашмир Истрефи, Хојотек, Сашо Јовановски, Даталаб и Јана Дамевска, Инфиго.

На конститутивната седница на Управниот одбор на МАСИТ, која се одржала на 15. мај 2025 година, Јордан Димитровски, експерт за развој на бизнис, сопственик и извршен директор на компанијата „Аитоникс“ бил избран за претседател на Управниот одбор на МАСИТ за мандатниот период 2025–2028.

Компанијата Аитоникс е високо етаблирана и добро позната во ИКТ индустријата, а оваа година одбележува 25 години успешно работење во Македонија.

-Веруваме дека изборот на Димитровски носи нова енергија, фокус на конкретни резултати и посветеност на јакнењето на улогата на ИКТ секторот во националниот развој.

Во согласност со последните статутарни измени на МАСИТ, функцијата претседател на Управниот одбор вклучува и улога на официјален претставник на Комората пред институциите, партнерите и јавноста, што ја позиционира оваа функција како клучна во понатамошното водење и застапување на МАСИТ.

Очекуваме период исполнет со засилена соработка меѓу членовите, проактивна улога на Комората во креирање на политики и конкретни чекори во насока на дигитална трансформација и интернационализација на македонските ИКТ компании, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на „Пари“: Топ 10 компании за производство на облека, според приходи

Редакција

ДУИ незаконски се финансирала во 2021

Редакција

ГА-МА склучи договор со АК-Инвест од Тетово вреден 1,8 милион евра

Редакција