Освен за злоупотреби и перење пари за набавките на мазут за државната ТЕЦ Неготино, вредни 167 милиони евра, ќе одговараат ли и осомничените во овој случај и за едно од најтешките кривични дела – екоцид, е едно од главните прашања во јавноста.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Истрагата која ја отвори Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) треба да покаже дали сопствениците на фирмата „РКМ“, Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственикот на фирмата “Пуцко петрол’, Асмир Јахоски, поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е во бегство, поранешениот директор на сектор во ЕСМ, Адриан Муча и неколку други лица, кои освен што се осомничени за криминал при овие набавки ќе се гонат и за труење на граѓаните со увоз на мазут со сомнителен квалитет и потекло.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Засега од ОЈО ГОКК нема таква најава, но имајќи ги во предвид истражувањата на медиумите за овој случај, кои и придонесоа за отварање на оваа истрага, постои веројатност за тоа.
За оваа кривично дело е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Ратко Капушевски, кој заврши во притвор за набавката на мазут
Фото: Игор Бансколиев