еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако сакате да патувате во Израел ќе Ви треба одобрение од ЕТА

Почнувајќи од 1. август 2024 година, државјаните на Македонија, кои планираат патување во Израел, задолжително ќе треба да пополнат формулар преку Системот за електронска авторизација – Electronic Authorization System (ETA), gov.il.

Системот ќе биде отворен за аплицирање, почнувајќи од 1. јули и нема да биде овозможен влез во Израел од 1, август, без претходно одобрение од ЕТА, информираат од македонското Министерство за надворешни работи..

На патниците без пополнета апликација и добиена авторизација нема да им биде дозволено качување на авиони кои летаат за Израел.

Апликацијата ќе чини 25 израелски шекели (околу 6.25 евра), а авторизацијата ќе има важност меѓу 90 дена и две години.

Самата авторизација не подразбира дека се овозможува престој во Израел подолго од 90 дена.

Во случај на евентуални технички проблеми при аплицирање, отворена е електронска меил адреса, на која може директно да се упати молба за појаснување: [email protected].

На следниот линк може да се најдат практични информации за самиот систем и аплицирањето: israel-entry.piba.gov.il.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата на Макрон под истрага, полицијата изврши претрес во седиштето

Редакција

(Фото) Пратеничката на СДСМ, болна од Ковид-19 во скафандер отиде да гласа во Собрание

Редакција

Седумдесет и девет годишна жена од Пепелиште шие заштитни маски и ги подарува

Редакција