еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот поскап за еден денар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел-горивата се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со одлуката се врши големување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-95“ е 76,50 денари за литар,„Еуросупер БС-98“ ќе се продава за 78,50, дизелот за 73,50, а екстра-лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73,50 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,387%, кај дизелот зголемување за 1,583%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 2,420% и кај мазутот зголемувањето е за 0,842%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка, потенцираат од РКЕ, е повисок за 0,419 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 103 случаи на Ковид-19, најмногу во Куманово и Гостивар

Редакција

„Делукс-ауто“ го доби тендерот на Државниот просветен инспекторат за набавка на два автомобили вреден 24.000 евра

Редакција

(Галерија) Кафана Лантерн, во срцето на Дебар Mаало во ново рувo

Редакција