еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарско вето и за Србија

Бугарија и уште седум земји ставија вето за отварање на третиот кластер од преговорите на Србија со Европската Унија (ЕУ).

Србија која преговорите ги започна пред десет години е блокирана поради неусогласеноста на земјата со надворешната политика на ЕУ и санкциите за Русија, нејасното геополитичко определување на земјата и проблеми во владеењето на правото и во односите со Косово.

Другите земји се Естонија, Летонија, Литванија, Шведска, Финска, Холандија и Хрватска, откри српскиот претседател, Александар Вучиќ, кој изјави дека му е јасно зошто неговата земја добила вето од Хрватска, но не му е јасно што Србија и згрешила на Бугарија.

„Бог да ме праша што сме им згрешиле на Бугарите, не би знаел да му кажам и објаснам. Мислам дека разбирам кои се вистинските причини, но знам дека нема да ги слушнете. За Хрватите сѐ ми е јасно, тука немам проблем да сфатам“, изјави Вучиќ.

Унгарија која до крајот на месецов преседава со ЕУ за следната недела закажала нов состанок за отварање на кластерот, а меѓувладината конференција требаше да се одржи меѓу 16 и 20. декември.

„Им благодарам ако го отворат третиот кластер, им благодарам и ако не го отворат. Важно е да продолжиме да се бориме и да разговараме со сите нив. Ние ќе се потрудиме следната година да бидеме најбрзо растечката економија во Европа“, кажа Вучиќ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загина тракторист во неготинско во сообраќајка со автомобил

Редакција

(ВИДЕО) Хит на социјалните мрежи: Грчкиот премиер Мицотакис не може да си го облече палтото

Редакција

Цената на становите во плафон: Вреди ли да ги преплатите прескапо?

Редакција