Во македонското Собрание денеска беа констатирани оставките на министерот за здравство, Арбен Тарвари и кадрите од неговото крило во поделената Алијанса за Албанците (АА), заменик министерката за одбрана, Елфет Исмаили и заменикот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фљакрон Беџети.
Никој од нив денеска не беше во Собранието, а оваа следи откако АА на Тарвари одлучи да оди сама на престојните локални избори, па прво излезе од коалицијата „Вреди“, а потоа и од Владата.
Нивните оставки ги констатираше заменик-претседателката на Собранието, Весна Бендевска, која заседаваше со седницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од над 50 функционери на АА на Тарвари засега само три оставки
Каков имот пријавил Фљакрон Беџети, заменик министерот за земјоделство, кој поднесе оставка
Каков имот пријавила заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, која поднесе оставка