Соседните земји посебно сочувствуваат со болката на македонскиот народ, па така поддршка пристигнуваат насекаде од регионот.
Во Црна Гора денеска е прогласен Ден на жалост, а во Србија утре. Во Србија се испратени повредени на лекување, а денеска пристигнува и тим на лекари специјалисти во Македонија.
Кулата во Белград синоќа беше обоена во боите на македонското знаме, со натпис „Србија е со Македонија“.
Поддршка дадоа и голем број познати личности помеѓу кои и тенисерот Новак Ѓоковиќ.
Во Софија, се палат свеќи пред македонската амбасада. Бугарија утрешниот ден го прогласи за Ден на жалост.
Голем број на европски земји понудија помош во лекуивањето, па така 44 тешко повредени се на лекување во Бугарија, Турција, Грција, Србија, Романија, Словенија, Унгарија, Австрија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повредените се транспортирани до Бугарија, Турција, Грција, Србија
Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица
Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца