еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жител на Скудриње однесен починат во болница, уапсена е неговата невенчана сопруга, која се обидела да избега во Албанија

Жител на Скудриње вчера бил однесен починат во болницата во Тетово, а од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека е уапсена неговата невенчана сопруга, која се обидела да избега во Албанија.

Се работи за Ј.А., кој имал 67 години.

Неговата партнерка Џ.Б. (53) од Албанија е задржана во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, велат од МВР,  без да посочат дали дали таа се доведува во врска со смртта на нејзиниот невенчан сопруг и дали постои сомневања околу нејзината верзија за начинот на кој се случила несреќата.

Според пријавеното во полицијата, мажот паднал од дрво и починал додека со неговата партнерка собирале костени.

Откако бил однесен во болницата, Џ.Б. ја напуштила болницата и во 17.10 часот била лишена од слобода на граничниот премин Џепиште.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За викендот топло време, од понеделник повторно врнежи и грмежи

Редакција

Македонската компанија за производство на мебел FEYDOM, отвори салон за продажба и во Белград

Силвана Жежова

Ковачевски од Берлин: Западен Балкан има европска иднина и силна поддршка од ЕУ

Редакција