Музичкиот фестивал Андерфест ќе се одржи денеска со почеток од 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава.
За шестиот Андерфест организаторите најавија шест добро познати бендови кои ќе ја размрдаат публиката во Денсинг салата на МКЦ. На Андерфест 6 ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The Mole Pack, Fiction, и Foolish Green.
Еден од врвните приоритети на фестивалот сеуште е да ги мотивира младите уметници да продолжат да креираат нови музички дела со кои ќе ги покажат своите големи таленти и вештини и воедно ќе ја промовираат нашата музичка култура и вон границите на нашата држава.
Продажбата на карти за фестивалот e започната и истите можете да ги набавите во билетарата на МКЦ или преку следниот линк https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1408