Од Министерството за здравство вчера информираа дека е разрешена в.д. директорката на детската Клиника „Козле„, во Скопје, Каролина Симоновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова директорка е Катерина Бошковска.
Разрешување на Симоновска минатата недела побара Лекарскиот колегиум на Клиниката, откако таа ѝ дала отказ на докторката Веселинка Митровска-Јосифова, ОРЛ-специјалист и бронхоскопист.
Од Колегиумот побараа да се стави крај, како што порачаа од таму, на нејзиното самоволие, нарушените човечки односи и порачаа дека таа ја дискредитира Клиниката.
Таа пак од медиумите побара да не го објавуваат нејзиното име, на што регираа здруженијата на новинарите, по што следеше и нејзиното разрешување.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога станала директорка на Клиниката.
Каков имот пријавила
Целиот недвижен имот кој го пријавила е од наследство.
Пријавила неколку парцели земјоделско земјиште, градежно изградено земјиште и друг недвижен имот во Стење и Ресен.
Вози Опел Астра.
На свое име има и кредит од 8,8 милиони денари за купување куќа, кој треба да го врати до 2033 година.