еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Беким Сали, кој ќе ja води Алтернатива, откако Гаши се повлече од лидерската позиција за да стане претседател на Собранието

Бидејќи ќе биде предложен за нов претседател на македонското Собрание, Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“, се повлече од претседателското место во партијата и другите функции таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши кандидат за претседател на Собранието, се повлече од лидерското место во Алтернатива

На негово место до формален избор на нов претседател на Алтернатива доаѓа Беким Сали, кој е потпретседател на партијата, на јавноста познат како поранешен министер за здравство.

Кој е Беким Сали

Сали завршил средно медицинско училиште во Скопје, а дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје.

Тој е доктор по стоматологија и управител на приватна стоматолошка ординација.

Во моментов е на постидипломски студии за јавно здравје.

Член е на Стоматолошката комора, на Здружението на албански стоматолози и на Здружението на албански имплантолози.

Покрај албански јазик, зборува и македонски, англиски и турски јазик.

Политичка кариера

Од 2009 до 2010 година ја извршувал функцијата шеф на Кабинетот на министерот за здравство и претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување.

На локалните избори во 2021 година, Сали беше кандидат за градоначаник на Општина Чаир од редовите на Алтернатива.

Во периодот од јануари 2022 година до февруари 2023 година тој беше министер за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои министерства ќе ги добие ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а кои „Вреди„ и ЗНАМ

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сестра ми работи во М-НАВ 12 години пред да станам министер, вели Османи

Редакција

(Вознемирувачко видео) Објавена снимка од убиството на хрватскиот ракометар, само едно лице се обидува да му помогне

Редакција

Втор круг од претседателските избори во Црна Гора, граѓаните избираат помеѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ

Редакција