еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

44-годишен скопјанец украл 10.000 евра од менувачница, бил осудуван и за други дела

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик, информираа од таму.

„Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“.

Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па осомничениот влегол во менувачницата, од благајната ги одзел парите и веднаш го напуштил местото. Набрзо бил пронајден и уапсен.

Осомничениот е претходно осудуван, а за него се водат и други постапки за кривични дела.

Со оглед на тоа, а имајќи ја предвид и опасноста тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје синоќа достави предлог за определување мерка притвор,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските граѓани да го напуштат Либан поради влошенета безбедносна ситуација, повика МНР

Редакција

Зоран и Вице Заеви регистрираа Фондација Заев – едно општество за сите

Редакција

Во Македонија досега 106 шумски пожари, изгореле десетина објекти

Редакција