еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Кривична за полицаец од Битола за семејно насилство

СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција поднесе кривична пријава против Џ.Р., полициски службеник во Полициската станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење на семејно насилство“.

Како што информираат од МВР, на 29. јануари 2024 година во Битола Џ.Р. физички ја нападнал неговата невенчана сопруга и ѝ нанел телесна повреда.

Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210, став 1, точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и член 26 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците на МВР.

Одделот за внатрешна контрола изрече и мерка за одземање на оружјето од пријавениот полициски службеник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на починати од Ковид-19 во Македонија за една недела се зголемил за 7,1%

Редакција

Кои пратеници од Македонија ќе гласаат дали Косово ќе стане членка на Советот на Европа

Редакција

ЛДП: И граѓаните и полицијата да се воздржат од прекумерна сила

Редакција