Откако од грчкото Министерство за надворешни работи (МНР) реагираа за непочитување на Договорот од Преспа, реагираше и македонското МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од таму велат дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Македонија, вклучително и од Договорот од Преспа, но потсетуваат дека неговата имплементација е обврска и за двете страни.
-Воедно ја реафирмираме подготвеноста за искористување на сите можности кои ги нуди Договорот од Преспа за натамошно јакнење на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.
Во целост остануваме посветени на спроведување на европскиот интегративен процес преку доследно заокружување и надградување на започнатите реформи за членството во ЕУ, како наш врвен надворешно-политички приоритет, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ