еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Недела на турската кујна – вековна традиција и изобилство од вкусови и бои

Од 21 до 27. мај се одбележува Неделата на турската кујна, позната по својата разновидност и спој на различни вкусови и кулинарски традиции.

Безвременските класични турски јадења, кои се пренесуваат низ генерации, се значаен дел од богатото кулинарско наследство, кое е симбол на турската култура. Како нераскинлив дел од традицијата на земјата, класичната турска кујна е одраз и на познатото турско гостопримство, љубезност и заедништво.

Турската кујна е препознатлива и по едноставните техники на готвење, како и по големата регионална разновидност. Од јадењата на егејското крајбрежје на база на маслиново масло, до смелите специјалитети на југоистокот преполни со зачини и кујната богата со морски плодови на Црното Море, секоја провинција од вкупно 81, има свои интерпретации на одредени јадења.

Ваквото богатство на рецепти, методи на готвење и неверојатни вкусови се одбележува секоја година, за време на Неделата на турската кујна.

Во бројните вкусни класични турски јадења се вбројуваат крем-супата од леќа, супа од тарана, имамбајалди – модри патлиџани со фил од кромид и домати, манти – турски кнедли, бурек со месо, сирење или компири, понатаму, карнијарик – преполовен модар патлиџан полнет со мелено месо, чачик – турската верзија на таратор, како и чорба од бел грав и различни видови сарма.

Неизоставен дел од менито што го сочинуваат традиционалните турски специјалитети се и освежителните салати бостана и чобан, разновидните овошни компоти и многу вкусни турски десерти, како што се тавукгогсу -пудинг од пилешки гради, казандиби – карамелизиран млечен пудинг и познатата баклава.

Богатото кулинарско наследство на Туркије, преку различните вкусови и мириси, ја раскажува долгата и богата историја на земјата и културната размена, која со векови се случувала на овие простори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Успешно излекуван 61-годишен беровчанец тешко заболен од Ковид-19

Редакција

Судовите се соочуваат со недостаток на судии и административни службеници

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со Неотел вреден 729,1 илјади евра

Редакција