еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По пресудата Јакимовски вели дека е чист: Целта е да ме тргнат од политичката сцена

Градоначалникот на скопски Карпош, Стевчо Јакимовски, кој е осуден на затворска казна од три години и шест месеци за бесправно градење на општинската зграда, вели дека бил чист и дека целта на пресудата е да биде тргнат од политичката сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор

„Осуден сум зошто сум ја направил баракава и онаа другата, а во проектот стои изградба на монтажно-демонтажна барака, тие се времени објекти, а за времен објект имаме одлука на совет, а за времен објект не може да се гони кривично.

Обвинителството се послужи со фалсификат кој го докажавме со вештачење. Обвинителката се држи како давеник на сламка дека тие во 1987 година се поставени како времени објекти, а оттогаш до 2013 година? Што се случувало? Го изгубиле статусот на времените објекти, не им се продолжиле дозволите ни на објектите, ни на земјиштето под закуп. Овие објекти стануваат бесправни.

Сите се видоизменувани, доградувани со многу квадрати. Ние не сме сами во оваа постапка, учествуваше и геометар. Сите овие објекти се означени како дивоизградени, а обвинителот тврди дека се времени објекти, а никаде нема во историјатот на Катастарот“, кажа Јакимовски, потенцирајќи дека „хајката„ против него се води долго време.

“Тешка е борбата, се бориш против држава, против најсилниот дел, Обвинителството. Ќе поднесеме жалба до Апелација, аргументите се 1.000% на наша страна. А мислев денеска ќе се почастиме со колегите…

Тоа е едно здружение направено, за да нѐ тргнат ние што се разбираме, што имаме резултати, а пред локалните избори. И општина и држава да ни водат овие со купени дипломи, а оваа Влада не се срами“, рече Јакимовски, потенцирајќи дека очекувал ослободителна пресуда.

„Сто отсто аргументите се на моја страна, не знам што се докажуваме шест и пол години. Навистина ме измачија, не знам што одиме по судови, на Божја правдина имаме пресуда од 3,6 години“, кажа Јакимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил градоначалникот Јакимовски, кој заработи кривична за злоупотреба на службената должност и овластување

Кривична за градоначалникот Јакимовски и вработени во Општината, од таму велат дека е полтички мотивирана

Фото: Јакимовски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавноста згрозена од министерот Меџити откако пациент кој моли за лек го нарече „шоумен“

Редакција

Која е Рената Дескоска, која наместо Каракамишева ќе не преставува во Венецијаската комисија

Редакција

За една недела 124 деца до 9-годишна возраст заболеле од Ковид-19

Редакција