Косово испратило протесна нота до Македонија поради инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на Меѓународниот аеродром Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лице од обезбедувањето на Гаши предизвика инцидент на скопскиот аеродром
Тамошните медиуми пренесуваат и дека косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервала се сретнала со македонскиот вицепремиер, Арбен Фетаи, „барајќи појаснување за случајот“.
„Министерот Гервала во МНР оствари средба со вицепремиерот на С. Македонија, Арбен Фетаи со кого разговарале за предметниот инцидент и потребата од преземање брзи институционални дејствија.
Во рамките на преземените дејствија, министерката Гервала попладнево добила телефонски повик од нејзиниот колега, министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, при што била изразена загриженоста на институциите на Косово по вчерашниот инцидент“, се вели во вчерашното соопштение од косовското Министерство за надворешни работи (МНР).
Со нотата Косово бара најбрзи и најцелосни појаснувања за инцидентот на скопскиот аеродром.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во соопштението на косовското МНР се наведува и дека Османи се соочила со „несоодветен и незаконски третман од обезбедувањето на скопскиот аеродром“.
„Министерот Гервала достави протестна нота до властите во С. Македонија, барајќи итно и целосно расчистување на овој инцидент. Истовремено, побарано е македонските власти да преземат итни мерки за да се истражи овој случај и да се погрижат ваквите настани да не се повторат во иднина“, стои во истото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ