Од Македонијатурист АД Скопје преку Македонската берза информираа дека најголемиот акционер, Скопски пазар, акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје купил дополнителни 450 акции и сега поседува 89.814 акции односно 19,86% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.
Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
М.Г. Фешн купи нови акции на Македонијатурист, сега поседува 11,31% од вкупниот број
Чезакомерц купи нови акции на Македонијатурист
Марјан Ѓорчев е предлогот на Скопски пазар за член на Надзорниот одбор на Македонијатурист
Фото: Игор Бансколиев