еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Четири лица од Скопје, Битола и Тетово минатата недела починале од Ковид-19

Во периодот од 9 до 15. септември во Македонија се пријавени четири починати лица асоцирани со Ковид-19, од Скопје (2), Битола и Тетово, информираат од Институтот за јавно здравје.

Сите починати лица се на возраст над 70 години, три од нив се починати во болнички услови, а кај три лица се регистрирани коморбидитети. Сите лица се невакцинирани против Ковид-19.

Во овој период се регистрирани 57 нови позитивни случаи, со намалување од 48,6% во однос на претходната недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=39; 68,4%), a највисока инциденца е регистрирана во Делчево (14,7/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=21; 36,8%).

Во текот на минатата недела (09-15.09.2024) со статус „оздравени“ се стекнале 107 лица.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Македонската убавица Сандра Цветкова за реномираниот магазин „Wedding ideas“ во Лондон

Редакција

(Видео) Крадци изнесуваат сеф: Објавена снимка од грабеж во маркет во скопско Црниче

Редакција

Убава вест: Македонија се пласира на Светското првенство во ракомет

Редакција