Во македонското Собрание денеска за нов претседател на Парламентот беше избран Африм Гаши, поранешниот лидер на Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Африм Гаши избран за претседател на македонското Собрание
За него гласаа 76 пратеници, а шест пратеници (пратенците на Левица) беа против.
За Гаши не гласаа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е повторно избран за пратеник, но и пратеникот Зијадин Села од Алијанса за Албаците, кој води правна битка за лидерското место во партијата со Арбен Таравари.
И двајцата како што покажува листингот од гласањето не ни биле присутни во Собранието за време на гласањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гаши кандидат за претседател на Собранието, се повлече од лидерското место во Алтернатива
Фото: Гаши/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.