Од Алкалоид АД Скопје преку Македонската берза информираа дека компанијата регистрирала ново капитално поврзано друштво во Казахстан, со назив Алкалоид Казахстан ДОО, што е прва подружница на компанијата во Азија.
-Друштвото е во 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје. Отворањето на ова друштво претставува исклучителна можност за искористување на големиот потенцијал за пласирање фармацевтски производи на овој пазар, чија вредност на годишно ниво изнесува над 2 милијарди евра.
Казахстан е пазар со 19,6 милиони жители и е економија со најдобри перформанси во Централна Азија.
Портфолиото на Алкалоид во Казахстан за почеток ќе опфаќа антибиотици и додатоци во исхраната наменети за бремени жени. Во иднина компанијата планира проширување на асортиманот и присуство и во други земји од тој регион на интерес.
Подружницата во Казахстан, лоцирана во градот Алмати, е 26. капитално поврзано друштво на Алкалоид по ред.
Проширувањето кон азискиот континент е во насока на главните стратешки определби на компанијата, како и нагласената извозна ориентација и глобализација на брендот Алкалоид, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Музеј на „Алкалоид“ АД Скопје: Kорпоративната историја и традиција на едно место
„Алкалоид“ чекор понапред кон целосна дигитализација
Колкав промет остварија акциите на Комерцијална, Алкалоид и НЛБ Банка во август