Владата на седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Македонија заради учество на вежбата „Brave Partner – 23″ и донесе ваква Одлука, информираа од таму.
-Полноправното членството во НАТО побарува и активно учеството во заедничките вежбовни активности, со што се зголемуваат одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање.
Во таа насока, вежбата „Brave Partner – 23″, како што е соопштено од Министерството за одбрана, е во целосна организација на Армијата на вооружените сили (ВС) на САД за Европа, велат од таму.
На вежбата е предвидено да учествуваат единици од вториот коњички полк на вооружените сили на САД, на армискиот полигон Криволак.
Фото: МО