Апелацискиот суд во Гостивар ја укина Пресудата на Основниот суд во Тетово за пожарот во модуларната болница во Тетово, со што на двајцата поранешни директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми повторно ќе им се суди.
Судот оценил дека првостепената пресуда на тетовскиот е нејасна, неразбирлива и неподобна за испитување.
„Ваквата воопштена и нејасна констатација на првостепениот суд, укажува на постапување на судот спротивно на член 408 став 6 од Законот за кривична постапка (ЗКП), според кој во образложението на пресудата судот е должен да ги изнесе причините за секоја точка од изреката, а особено фактите што ги цени како докажани или недокажани и од кои докази ги утврдил тие факти, од кои причини не уважил одделни предлози на странките, од кои причини се раководел при решавање на правните прашања и кои околности ги зел предвид при одмерувањето на санкцијата, односно отсуството на образложени причини за решителни факти, ја прави обжалената пресуда нејасна, неразбирлива и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност, на што основано се укажува во изјавените жалби на обвинетите“, се наведува во пресудата на Апелацискиот суд Гостивар.
Апелацискиот суд во Гостивар ја потврди првостепената ослободителна пресуда за лекарот Бобан Вучевски.
Фото: Unsplash