еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БДП во вториот квартал пораснал за 2,3%

Државниот завод за статистика соопшти дека бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежал раст од 2,3  отсто.

Поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 9,5  проценти, а 8,7 проценти во Стручни, научни и технички дејности и Административни и помошни услужни дејности.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално растеле за 4,7  проценти, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 74,5  процети.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3,4 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,2  проценти.

Бруто-инвестициите во второто тримесечје од годинава бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства, а намалување во промената на залихите.

БДП во првиот квартал изнсуваше 1,2 отсто, а со ребалансот на Буџетот е проектиран на износ од 2,1 процент.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка даде „зелено светло“: Зоран Јовановски именуван за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Редакција

„Макпетрол“ ќе исплати бруто дивиденда од 2.000 денари по акција

Редакција

Како по обичај, Собранието се „разбуди“ во 5 до 12

Редакција