еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БДП во првиот квартал порасна за 1,2%

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2024 година забележа раст од 1,2%, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје, поголем пораст е забележан во секторите: Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби од 19,6%; Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7,5%; Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6,9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4,8 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 72%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6%, а увозот на стоки и на услуги забележазголемување во номинален износ од 0,5%.

Бруто-инвестициите во првото тримесечје од 2024 година бележат зголемување во делот на бруто инвестициите во основни средства (во машините и опремата и во транспортната опрема) и кај промената на залихите.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Срушивме здравствен систем со лажиче„: Твитер реакции за причестувањето

Редакција

Почина Велибор Џаровски-Џаро

Редакција

Во првите девет месеци бројот на домашните туристи зголемен за 33,7%

Редакција