еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Белери, кој ги скара Албанија и Грција останува во затвор, ќе го пуштат да даде заклетва за европратеник

И Врховниот суд на Албанија ја потврди затворската казна за етничкиот Грк, Фреди Белери, кој на последните локални избори во Албанија беше избран за градоначалник на Химаре.

Тој заврши во затвор поради обвинение за купување гласови, а неговиот случај ги скара Албанија и Грција, која се закани дека ќе ја блокира земјата на нејзиниот европски пат.

Судот ги потврди и првостепените и второстепените решенија против кои се жалел Белери, кој има двојно државјанство.

Минатиот месец како кандидат на грчката владејачка партија Нова демократија, тој беше избран и за европратеник.

Албанија му дозволи петдневно отсуство од затворот за да може да присуствува на инаугуративната седница на новиот Европски парламент во Стразбур, која ќе се одржи од 16 до 21. јули.

Европратениците уживаат кривично-правен имунитет, но тоа правило веројатно нема да важи за Белери, бидејќи тој извршил кривично дело во земја која не е членка на Европската унија.

Тој се уште нема положено заклетва за градоначалник.

Осуден е на две години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потврдена затворската казна за градоначалникот Белери, односите помеѓу Грција и Албанија дополнително ќе се влошат

Фреди Белери кој ги скара Грција и Албанија од затвор стана европратеник

Фото: Белери/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Томе Христоски, старо-новиот градоначалник на Крушево

Редакција

Русија продолжува да испорачува гас за Запад преку Украина

Редакција

Обвинение против Латас и Лазаров, за новинарот се бара одземање на пасошот, а на двајцата да им се забранат јавни настапи

Редакција