еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините и дизелот со иста цена, мазутот поевтинува

Од синоќа на полноќ нема промена на цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V), а се намалува цената на Мазутот М-1 НС, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 76 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 78 денари за литар, а дизелот за 70,50 денари за литар.

Ценатата на Мазутот се намалува за 0,136 денари и сега изнесува 43,708 денари за килограм.

Не се менува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воспоставена структура за преговори со ЕУ, Ковачевски очекува да завршат до 2030 година

Редакција

 (Галерија) Најлуксузните BMW модели пристигнаа во Македонија

Редакција

„Ватростална“ го доби тендерот на ЕСМ за градежни работи во РЕК Битола вреден 6,8 милиони евра

Редакција