еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Братучетка на мајката на Вања сведочеше како се трагало по девојчето и како се однесувал татко и

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес сведочеше и Маја Спироска, братучетка на мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска.

Таа меѓудругото раскажа како изгледала потрагата по Вања и рече дека деновите по нејзиното исчезнување била во домот на братучетката, за да и даде поддршка.

„Во 11 часот ми се јави Зорица и ме извести дека ја нема Вања. Тој ден пребарував во Дебар Мало, низ кафулиња, а потоа, од вторникот, бев во домот на Зорица. Тогаш гледавме снимки со таткото на Вања и тогаш констатиравме дека Вања е земена од пред зграда, бидејќи не се гледаше како излегува.

Потоа во следните денови дојде и пријател на Александар, Гоце, и тој ги гледаше снимките. Во еден момент дојде во дневна, рече го видовме возилото „цитроен” што се бара, а и некој човек. Рече да не е некој педофил, па да ја грабнал.

Таткото Александар беше вознемирен, излегуваше, влегуваше, бараше. Цело време на Зорица и велеше не се секирај, ќе ја најдам. Јас немав многу комуникација со него. Само ми рече да пратам порака на Илон Маск да ја најде преку сателит, што ми беше чудно, како јас него да го најдам„, сведочеше Спироска.

Спироска рече и дека од родител чие дете учело со Вања била известена дека во групата на вибер на родителите, таткото на Вања испратил порака, а потоа ја избришал.

“Ми кажаа дека напишал, „Вратете го детето ќе ви дадам пари“. Но, јас не ја видов пораката“, рече меѓудругото таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот Стојков и кажал на полицијата дека Палевски е во Турција

Во седиште на партијата „Десна„ каде спиел Палевски имало пиштол и радиостаница за комуникација

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Делегација на ЕУ: Македонија неможе да премине во следната фаза од преговорите без уставните измени

Редакција

(Галерија) Со кој сè се сретна Ковачевски на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија

Редакција

Вчера дознав оти Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија, вели Борисов за посетата на Петков

Редакција