еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Брз електронски пристап до 94 различни услуги од Катастарот

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски денеска го претстави новиот портал „е-услуги“, кој овозможува брз електронски пристап до 94 различни услуги од Катастарот.

Станува збор за нов проект кој им овозможува на корисниците услугите да ги добијат веднаш по нарачката преку електронска пошта, што значително го скратува времето и го олеснува пристапот за граѓаните и правните лица.

„Агенцијата за катастар на недвижности е првата државна институција со над 100 целосно дигитализирани услуги достапни за граѓаните. Со оваа дигитализација се намалуваат административните процедури, се зголемува транспарентноста и се овозможува ефикасен пристап до услугите, правејќи ги подостапни, без непотребно чекање и со значително заштедено време за граѓаните,“ изјави Живковски.

Со активирањето на новиот портал e-uslugi.katastar.gov.mk, постојниот портал ossp.katastar.gov.mk, кој е веќе застарен, ќе биде во функција до 31. декември 2024 година, по што од 1. јануари 2025, корисниците ќе имаат пристап исклучиво преку новиот портал.

До крајот на годината ќе бидат додадени уште десетина нови услуги, а во текот на 2025 година се предвидува дополнително проширување за уште десет услуги. Дополнително, сите корисници ќе можат да се најавуваат преку Системот за единствена најава (СЕН), управуван од Министерството за дигитална трансформација.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗК „Пелагонија“ ги продаде сите свои акции во „Жито Полог“

Редакција

(Вознемирувачко фото) Автомобилот во кој беа убиени татко и син кај Слупчане изрешетан со куршуми

Редакција

Груевски се јави за денешното сослушување: Стандардна процедура на институциите во Унгарија

Редакција