еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Бројот на бракови помал за 1,6%, а на разводите пораснал за 9,4%

Бројот на склучени бракови во 2023 година изнесува 12.672 и е помал за 1,6 отсто во споредба со претходната 2022 година, а бројот на разводи бележи зголемување од 9,4 отсто во споредба со податоците од 2022 година – лани се развеле 1.765 бракови, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Најмногу бракови – 12,6 отсто, биле склучени во август, а најмалку во март – 5,8 отсто. Најмногу разводи биле регистрирани во декември – вкупно 201, а најмалку во август – вкупно 66.

Податоците покажуваат дека е најчесто стапувањето во прв брак, односно, во прв брачен однос лани стапиле 93,2 отсто од сите жени и 92,2 отсто од сите мажи што склучиле брак во 2023 година. Мажите почесто стапуваат во втор (7 отсто) и трет брак (0,8 отсто).

Според возраста, минатата година најмногу бракови склучиле лица кои припаѓаат во старосната група од 25 до 29 години, односно 4.228 лица.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27,5 години за невестата и 30,1 година за младоженецот.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години. Според траењето на бракот, пак, најмногу разводи (393) се случиле во период од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ во новата Влада: Мицкоски ги објави имињата

Редакција

(Мапа) Вечерва започнува меѓународниот фестивал на светлина, Skopje Light Art District

Редакција

Филипче се предомисли, нема промена на полот на сметка на Фондот за здравство

Редакција