еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија вели дека не се само уставните измени услов за старт на преговорите со ЕУ, Маричиќ негира

Бугарија вели дека не се само уставните измени услов за старт на преговорите на Македонија со Европската унија.

Според бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел, како што пренесуваат бугарските медиуми, услов за продолжување на европскиот пат на Македонија не се само уставните измени, туку и почитување на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протокола.

-Имаме три меѓусебно поврзани инструменти и многу јасен став на Националното собрание. Условите кон нашата соседна земја не се само уставни измени, туку и почитување на Договорот за пријателство и добрососедство и двата протоколи, изјави Габриел на состанок на собраниската Комисија за надворешна политика.

-Доколку Република Северна Македонија сака да продолжи кон членство во ЕУ, планот за заштита на малцинствата е веќе критериум, рече таа меѓудругото.

Македонскиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ, пак прашан за изјавата на Габриел вели дека во заклучоците на Европскиот совет нема други услови освен внесувањето на Бугарите во Уставот.

– Изјави имало и ќе има и понатаму, но битно е што пишува во заклучоците на Европскиот совет. Во нив пишува дека штом се направат уставните измени веднаш без одлагање и нова политичка одлука, што е многу важно, ќе има втора меѓувладина конференција на која ќе се отвори првиот кластер.

Во поширока смисла Договорт за добрососедство и Преспанскиот договор се дел од преговарачка рамка за односите со соседите, но тоа не е услов за отворање за првиот кластер. Единствен услов за отворање на првиот кластер се уставните измени, а секоја друга изјава за тоа ја гледам како политички став, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Само 24% од граѓаните се за промена на Уставот за внесување на бугарското малцинство

Годинава подршката кај граѓаните за членството во ЕУ на најниско ниво

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова лидерска средба кога СДСМ ќе соопшти кој предлог го прифаќа од двата понудени, вели Мицкоски

Редакција

Започна вакцинација на хронично болни пациенти и со состојби кои се ризик за Ковид-19

Редакција

(Видео) Кејт Миделтон за првпат во јавноста по објавата дека се лекува од рак

Редакција