еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија нема да ја менува преговарачката рамка, му порачаа од бугарското МНР на Мицкоски

Со остра реакција на изјавата на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, дека преговарачката рамка во делот на обврските кон Бугарија може да се предоговара и да се промени, денеска се јавија од бугарското Министерство за надворешни работи.

-Министерството за надворешни работи на Република Бугарија упорно потсетува дека европскиот консензус постигнат во летото 2022 година меѓу 27. земји-членки на ЕУ и самата Северна Македонија јасно го опишува чекорите за постигнување вистински напредок во евроинтегративниот процес на соседната земја, велат од таму.

Од бугарското МНР отврлат разгледување на било какви идеи за предоговарање, како што рече Мицкоски.

-Подигнувањето идеи за повторно преговарање за веќе преземените меѓународни обврски само ќе доведе до дополнително оддалечување од почетокот на преговорите за членство во ЕУ.

Потсетуваме дека како резултат на непотребните провокации и конфронтации со соседните земји, Северна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори.

Неприфатлива е наведената намера на новата влада на Северна Македонија да го отфрли легитимното барање на дел од сопствените граѓани да ги гарантира правата и слободите на еднаква основа со сите други заедници во Северна Македонија, преку нивно вклучување во уставот на соседната земја.

Подеднакво неприфатлива е и наведената намера на Северна Македонија да не се придржува до меѓународните обврски и потпишаните договори, се вели во реакцијата.

Оттаму додаваат дека „ваквиот став остава сериозна загриженост дека во својата политика кон Бугарите и Бугарија, актуелната влада во Скопје ризикува да биде заробена од догмите на една минато време, отфрлена од сите демократски општества.“

-Бугарската позиција е јасно наведена во Одлуката на Народното собрание од 24. јуни 2022 година, поддржана од сите политички сили. Тоа е израз на волјата на бугарските граѓани да ја поддржат Северна Македонија во процесот на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, под услов соседната земја да се придржува до највисоките стандарди во областа на човековите права и да ги исполни меѓународните обврски преземени во добро вера.

Оваа позиција на национално ниво нема да се менува, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија да ги направи ветените уставни измени, велат од ЕК, од каде жалат за неупотребата на уставното име

Фото: МНР на Бугарија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Датумот за избори не може да биде лична желба, според Устав е на 5 јули

Редакција

Драган Наков, Сашо Наков и Јелена Наков избрани за членови на Одборот на директори на Хотели Метропол

Редакција

Судскиот совет најави посета на Апелациониот суд за „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“

Редакција