Од 0 Бугари во 2011 година, сега во Албанија како такви се изјасниле дури 7.597 лица, покажаа резултатите за минатогидишниот попис во земјата, кои деновиве ги објави Институтот за статистика на Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Албанија има 2.281 „северномакедонци”, Бугари од 0 во 2011 сега има 7.597
Како што пренесуваат албанските медиуми бугарскиот амбасадор во Албанија, Ивајло Киров искажал задоволство од пописните резултати и изразил “благодарност за сработеното, но и за почитувањето на правата на малцинството”.
Според него со ”овој процес се создале хармонични услови за жителите со бугарско потекло слободно да ја изразат својата етничка припадност”.
-Доколку албанската влада не ги создадеше овие услови жителите на бугарската заедница слободно да ја изразат својата определба, немаше да ги имаме бројките што ги имаме денес.
Искрено сме многу изненадени од резултатите, изјавил тој меѓудругото и повлекол дека Албанија е најпријателската и најгостопримлива земја за Бугарија и за Балканот.
-Ова е една од причините зошто албанската држава преговара со ЕУ, рекол тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР остро реагира на употребата на термин „северномакедонци“ на пописот во Албанија
Албанија ја поправи грешката, „северномакедонци“ во пописот станаа Македонци